јуни 10, 2023

Официјални состави: Италија – Македонија

Домаќинот Манчини се одлучи за Џанлуиџи Донарума на голот, во одбраната Емерсон Палмиери лево, Алесандро Флоренци десно со Алесандро Бастони и Џанлука Манчини како централни бекови, во средниот ред Марко Верати, Жоржињо и Николо Барела, а во нападот Лоренцо Инсиње, капитенот Чиро Имобиле и Доменико Берарди.

Нашиот Милевски почнува со стандардниот Столе Димитриевски помеѓу стативите, во одбраната лево Езџан Алиоски, десно капитенот Стефан Ристовски, на централните бековски позиции Висар Муслиу и Дарко Велковски, во средината Енис Барди, Аријан Адеми и Бобан Николов, лево крило Александар Трајковски, десно крило Дарко Чурлинов, а во нападот истурениот Милан Ристовски.
Натпреварот на стадионот „Ренцо Барбера“ почнува во 20:45 часот, ќе го суди францускиот арбитар Клемен Турпен, а на територијата на Македонија директен пренос ќе врши SportKlub1