септември 26, 2022

Османи: купувањето на руска нафта и гас ја финансира војната.

Arbeitsbesuch von BM Alexander Schallenberg in Skopje. Treffen mit Bujar Osmani. Skopje. 07.10.2019, Foto: Dragan Tatic

Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира руската војска.
„На сите ни е јасно дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира војната, односно руската армија. Главните средства на Русија доаѓаат од изворите на природен гас и нафта. Како што гледате Европа е зависна од тој гас и од нафтата и доставата не е прекината целосно токму поради таа зависност“, вели Османи.
Тој додава дека украинскиот министер секако дека бил во право кога рекол дека украинска крв има на руската нафта.

„Како што гледате Европа постојано, посебно сега бара алтернативни извори на енергија, но сега за сега ситуацијата е ваква каква што е“, додава Османи.