септември 26, 2022

Оригиналниот печат на МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ од 1878 година во Кресна

ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН
Оригиналниот печат на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ од 1878 година во Кресна, Пиринска Македонија.
Вистинското име на познатото Кресненско востание во Пиринска Македонија од 1878 година е МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ.
Тогашната југословенска историографија го именувала како Кресненско, за да не се создаваат тензии меѓу тогашна Југославија и Бугарија и за да не се разбуди желбата за обединување кај Македонците од двете страни на границата.
Бугарите исто го менуваат името на востанието за да го избришаат зборот Македонско, и во нивната историја е познато како Кресненско-Разлошко.
Но вистинското име му е МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ од 1878.
Во сите писма кои ги пишувал војводата Димитар Поп Георгиев Беровски во востаничката 1878 година, тој се потпишува како НАЧАЛНИК НА ШТАБОТ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ.
На оригиналниот печат на Главниот штаб на Македонското востание, убаво се чита МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ, а најдолу стои и годината 1878.

fb status na ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН UC*Fhttps://www.facebook.com/omoilindenpirin/photos/a.10150706306755140/10159674334700140