ОМО Илинден му возврати на Радев. Македонските власти се водат од интересите за наоѓање решение а не за заштита на македонските интереси

Рашомонијадата со Бугарија продолжува помеѓу обидите да се наметне позитивна атмосфера како предуслов за решение од една страна а од друга страна отворено искажаните ставови и негирањата. Сепак сета билдана позитивност ја спласна самиот Петков. Бугарскиот премиер рече дека со Македонија ќе преговараат 15 години и дека може да не блокираат кога сакаат на секое поглавје на патот кон ЕУ. Македонските власти во преговорите со Бугарија првенствено се водат од интересите за наоѓање решение а не за заштита на македонските интереси.
За јавноста уште не е јасно и власта крие за што точно се преговара, македонската опозиција ја обвинува власта дека не ги почитува црвените линии, власта вели дека за идентитетот и јазикот не се преговара.
Членови на комисиите од двете страни се јавија со спротивни ставови окулу историјата. До јавноста стигаат информации дека се преговара за заедничко славење на Гоце Делчев и други историски личности, но недорабирањата пренесени во јавноста се окулу разбирањето на терминот заедничка историја. По препукувањата помеѓу членовите на комисиите од двете страни окулу историјата, се јави и Пендаровски. Пендаровски вели реториката на бугарските историчари ја отежнува работата на комисијата, се обидуваат уште пред да се сретнат со своите македонски колеги да наметнат како треба да биде решението.
Така во новонастанатат атмосфера сега имаме случај кога во сред Софија се скандира; – и преди и сега Македонија е блгарска“, а од нашата влада не реагираат. Досега такви изјави слушавме од бугарски политичари пред се од партијата на Каракачанов
Во Бугарија се пофалија дека македонските бугари ќе влезат во Уставот додека од друга страна не сакаат ниту да слушнат за македонско малцинство.
Бугарскиот Претседател Радев ги нарече сепаратистички македонските организации во Бугарија,. Од„ОМО Илинден Пирин“ му одговорија на Радев: Не сме сепаратисти, се бориме за демократизација и европеизација на Бугарија. Според ОМО Илинден Пирин, неговата изјава е лага и клевета и како таква е срамна за сите а особено за претседателот бидејќи срамот паѓа на сите граѓани-реагира ОМО Илинден-Пирин,
Оттаму велат дека никогаш не исповедале сепаратистички идеи.
Досега ниту една македонска организација во Бугарија не е обвинета, судена или осудена за сепаратистички дејствија. Лагата за сепаратизам се користи за да се оправда систематската дискриминација на која подлежат бугарските граѓани со македонска самосвест, што доведе до 14 пресуди против Бугарија од страна на Судот за човекови права. Дискриминацијата на Македонците во Бугарија се рефлектираше во секој извештај на меѓународна институција за човекови права во врска со Бугарија во изминатите 18 години, и затоа Бугарија беше ставена под зголемен мониторинг во Комитетот на министри.
За нас е несфатливо што Радев ги поврзува малцинските права со сепаратизмот и во нив гледа нешто лошо и неприфатливо. – се бориме за демократизација и европеизација на Бугарија, за човекови права, за запирање на негирањето на македонското малцинство, запирање на систематската дискриминација, стигматизација, говор на омраза и маргинализација применети против него. Сакаме да им овозможиме на бугарските граѓани со македонска самосвест рамноправно и целосно да учествуваат во јавниот и политичкиот живот во земјата – нешто што во моментов систематски им се ускратува.