септември 28, 2022

Од Мариупол 30.000 ЛУЃЕ СЕ ЕВАКУИРАА ВО РУСИЈА

Повеќето жители на Мариупол, кои беа евакуирани од тој град, решија да се преселат во Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со неговиот колега од Обединетите Арапски Емирати, Заид ел Нахјан.

– Вчера се случи многу важен настан, после многу денови, бидејќи украинските сили не сакаа да соработуваат за прашањето за евакуација на луѓето, меѓу другите и од Мариупол, успеавме да извлечеме 33.000 жители. Огромното мнозинство од овие луѓе избраа да ги користат маршрутите кои водат кон Русија – изјави Лавров.

Тој рече дека е извршена масовна евакуација на луѓето од опасните подрачја во Украина без никаква помош од Киев.