Одржана Меѓународната евроазиска конференција во градот Ниш
Геополитика

Со почеток од 10 часот во Офицерскиот Дом во градот Ниш, Србија, вчера започна одржувањето на Меѓународната конференција насловена како „Евроазија, јадрото на многуполарниот свет”.
Оваа еднодневна конференција од ваков тип се организира еднаш годишно на нашиов Полуостров, и е под покровителство на Меѓународното евроазиско движење од Русија, кое го предводи светски познатиот мислител и советник на високиот политички сталеж на Руската Федерација, професорот Александар Дугин.
Се обработуваа и се водеа дискусии на повеќе теми, како случувањата во Украина, економската криза во Европа, Кина и нејзиното влијание, како и случувањата на нашиот Полуостров, а како позначајни учесници на конференцијата се јавуваа претставници од амбасадата на РФ во Србија, претставници од општината Ниш, Леонид Савин како и Александар Марковиц од Австрија.
Меѓу учесниците беа и тројца претставници од Македонија, кои дискутираа и говореа за борбата за слобода на Македонскиот народ, за угнетувањата и експериментите што се вршат врз него и за моменталните случувања, каде што се расправаше и што е можно да следи доколку ескалираат настаните.
Конференција траеше интензивно неколку часа.