декември 5, 2023

Оваа година пролетта ќе дојде еден ден порано, на 20 март

Пролетта 2022 година ќе започне на 20 март во 16:33 часот. Што е невообичаено ако се потсетиме дека првиот ден од пролетта е 21 март. Зошто се смени датумот на пристигнување на пролетта?
Постои метеоролошки и астрономски начин на одредување на сезоната, пренесува порталот Мој Збор изјава на Бранко Симоновиќ од Астрономското друштво Руѓер Бошковиќ.
„Метеоролошки годината е поделена на четири дела, за да се води статистика и да има рамномерна распределба по сезони“, објаснува Симоновиќ.
Според метеоролошките критериуми, пролетта започна на 1 март, а ќе трае до 31 мај. Метеоролошкиот метод на определување „не се заснова на некои јасни природни критериуми, туку е вештачки определен“.

Астрономски начин на одредување на годишните времиња
„Астрономски гледано, доаѓањето на годишните времиња може да се набљудува со времетраењето на денот, односно со настаните над хоризонтот“, вели Симовиќ.

Попрецизен начин за одредување на датумот на започнување на годишните времиња е секако астрономски.

„Тогаш сонцето изгрева на исток, а заоѓа на западната страна на хоризонтот, денот и ноќта траат подеднакво, затоа тој ден се нарекува ден на пролетна рамноденица“, вели Симоновиќ.
Пролетната рамноденица во 2022 година ќе се случи на 20 март, што е и првиот ден од пролетта.

Целиот текст на порталот Мој Збор од каде што е преземен https://mojzbor.com/proletta-povekje-ne-zapocnuva-na-21-mart/?fbclid=IwAR3PVgJxOObUHwYBL72x3LPNRKN_0yi-CLj14lFIobT1ONp6K5yxoF6fFoA