Норвешка одби НАТО трупи на нејзина територија

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе изјави дека Норвешка се воздржува од поставување странски воени сили на своја територија за време на мир.
Сторе кажа дека засилено присуство на сојузничките трупи во Норвешка не е опција.
Како одговор на руската воена операција за „демилитаризација и денацификација“ на Украина, НАТО ги удвои своите борбени групи на источното крило на воениот блок. Покрај постоечките борбени групи во балтичките држави и Полска, мултинационалните сили на НАТО ќе бидат стационирани во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка. Меѓутоа Норвешка нема да ја преиспитува својата политика за воени бази на територијата на земјата, кажа Сторе.
„Комбинацијата од историјата и географијата може да доведе до различни потреби кога станува збор за безбедноста“, кажа Сторе. „Успеавме да ги задржиме ниските тензии на северот во ова време. Тоа сакаме да го зачуваме. Не навестивме потреба или желба тоа да се промени“.Декларацијата на Норвешка за воените бази од 1949 година предвидува нордиската земја никогаш да не одобри бази за странски војници на своја територија во мирнодопски услови.