Новковска:Попишани се 8000 деца неевидентирани како ученици?, дел од дијаспората а прикажани како резидентни?

– Не знам дали видовте но на 30ти март ДЗС објави дека во нивната земја има 355 атеисти. Денес сменија и веќе се 8764 атеисти. Толку е успешен пописот што луѓето ќе веруваат само во ДЗС, а не во господ. БЛАГИЦА НОВКОВСКА, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА ЗАВОДОТ ЗА СТАТИСТИКА!, која одби да се потпише на пописот во 2002, со свои коментари на фб во врска со пописот.
Пишува д-р Благица Новковска.
Ако некому не му беше јасно дека базите со податоци од попишувањето, допишувањето, отпишувањето итн. се отворени “за мала група п… фраери“, ете Државниот завод за статистика секојдневно се труди да ни покаже.
Само, чекам кога ќе се појави Симовски и цинично ќе каже “И што ако менуваме, наши бази, наши правила!“ Што би се рекло, врзани потписи – врзани бази.
Ги менуваат податоците од првиот сет на објавените податоци, како сакаат и колку ќе им порачаат. И тоа пред очите на целата јавност.
Се прашувам, дали тоа така се прави кога ќе биде организиран и спроведен попис по највисоки европски и светски стандарди?
А, замислете, уште колку сетови на податоци ќе се објават, сменат, преобјават, фалсификуваат до крајот на годината.
Внесени се невалидни и нецелосни податоци. А, сега ќе се дотеруваат, корегираат, дополнуваат и ќе дочекаме на крајот да бидат целосно штетни податоци!
Новковска на фб споделува и податоци за попишани деца кои не се евидентирани во училиштата и го коментира.· СПОРЕД ПОПИСОТ, 8.000 ДЕЦА СЕ НЕЕВИДЕНТИРАНИ КАКО УЧЕНИЦИ ВО РЕДОВНИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТАВрз основа на анализа на податоците од Државниот завод за статистика, попишувачите, во услови на пандемија и рестрикции на меѓународните патувања и миграционите движења, успеале да пронајдат и да попишат безмалку 8.000 деца на возраст од 6 до 14 години – деца кои не се евидентирани како ученици во редовните основни училишта. При пописот, податоци за ваквата категорија на деца морале да дадат нивните родители, односно старатели.Ова е алармантно висока бројка на деца кои не се евидентирани како ученици во редовните основни училишта, па со исклучувањето од воспитно-образовниот систем на државата тие се принудени да питачат, односно да бидат на маргините на општеството.Интересен податок е што попишувачите во исклучително комплицираните услови на спроведувањето на пописот, за само 25 дена успеале да ги евидентираат овие деца заедно со нивните родители, додека пак институциите (Министерството за труд и социјална политика) сеуште или немаат податоци или пак затвораат очи пред овој проблем. Сепак поголема е веројатноста дека оваа бројка од 8.000 деца неевидентирани како ученици во редовните основни училишта произлегува од декорирањето на податоците од пописот со нивно двојно прикажување, односно внесувањето на податоци од пописот на дијаспората и нивно прикажување како податок за резидентно население.
https://www.facebook.com/blagica.novkovska