декември 2, 2023

Новинарско зло. Медиумите подло предизвикаа хистерија против еврејските семејства во Куманово

Многу македонски портали и медиуми подло заради читаност предизвикаа хистерија против неколкуте еврејски семејства со деца кои привремено се вселија во Куманово. Тие намерно го подгреваа стравот на нселението дека станува збор за злогласна секта и ширеа паника. Дури и да постојатат индиции дека овие се секта и згора на тоа озлогласена нивниот состав од повеќе жени и деца неминовно ја доведува во сомнеж нивната опасност. Дури и откако МВР излезе со соопштение дека групата не е опасна и дека има легален привремен престој медиумите не престанаа со подгревање на паниката и хистеријата на народот па предизвикаа групи луѓе да одат да ги набљудуваат и малтретираат семејствата. Инаку можеби е по разбирлива загриженоста на нелението во помала средина од присуството на различни луѓи со различна облека и обичаи ама улогата и работата на медиумите треба да е сосем друга.