НМ: Кривично дело е учеството во странски војски па и во Украина

ПОВИКОТ ЗА РЕГРУТИРАЊЕ ДОБРОВОЛЦИ ОД МАКЕДОНИЈА КРИЕ МНОГУ ПРАВНИ ЗАМКИ.
Повикот на украинската амбасада во Скопје, со кој се бара учество на граѓани од Македонија во Меѓународната легија, нова воена формација во украинската војска, наметна сомневања дали можеби профилот е хакиран, односно не е веродостоен. Но колку ваквиот повик за вклучување доброволци од Македонија во воени дејства во друга држава е во согласност со домашните и меѓународни правни акти?
Контроверзноста на ваквиот повик на украинската амбасада во земјава е во тоа што имплицира активности спротивни на Кривичниот законик на Македонија. Имено, во Македонија е казниво дело учество во странска војска. Тоа е спротивно на членот 322-а од Кривичниот законик, кој забранува учество на државјани на Македонија во која било војска или друга странска воена или полициска формација. Оние што учествуваат во странски воени формации ќе бидат казнети со најмалку четири, односно пет години затвор. За македонските граѓани што ќе учествуваат во странски војски е предвидена казна од најмалку четири години затвор, додека „тој што спротивно на закон создава, организира, регрутира, превезува, организира превоз, опремува, обучува или на друг начин подготвува лице или група за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи или поединечно, надвор од територијата на Република Македонија, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“. Овие промени се направени за да се спречи екстремизмот, односно учеството на нашите државјани во војните на Блискиот Исток, Сирија или Ирак, т.е. да се спречи нивното приклучување на различни воени формации како ИСИС.
– Без разлика со каква причина е донесен законот со кој се забранува учеството на македонски граѓани во странски војски, тој е во сила за сите случаи. Не може во закон да биде наведена квалификација „пријателски“ или „непријателски“ војски – вели универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев.
Целиот текст на Нова Македонија на линкот o/https://www.novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/uchestvoto-vo-stranski-vojski-e-krivichno-delo/