НМ:Благ пораст на запишани на Катедрите по македонски јазик

Годинава на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при УКИМ се запишале 22 студента да го изучуваат македонскиот јазик, а 13 книжевноста. Иако оваа бројка е значително поголема во однос на минатaта година, кога само 14 студенти се запишале на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, додека на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности само пет студенти, бројот на заинтересирани студенти е мал. Македонистика кај нас се студира на четири универзитети – на „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), каде што е и најстарата катедра, на „Гоце Делчев“ во Штип, на Државниот универзитет во Тетово и на „Климент Охридски“ во Битола (УКЛО).
Македонскиот јазик и книжевност се македонски национален интерес и треба темелно да се изучуваат. Бројот на студенти што ги интересира македонистиката се зголемува, но треба уште да расте. Македонистите се категорични дека и државата треба да се погрижи за студиите по македонски јазик и книжевност да го добијат местото што го заслужуваат. Тоа, пак, значи и слоевито решавање на проблемите поврзани со нив.
Откако ќе дипломираат, не можат лесно да се вработат, недоволно се почитува Законот за македонски јазик, па лектори нема вработено ниту во државни институции, некои од дипломираните немаат право да полагаат лекторски испити… Ова се само дел од причините поради кои на повеќе матуранти не им се доволно привлечни студиите по македонистика. Катедрите презедоа мерки да се подобрат слабите бројки од пред неколку години, но сѐ уште не се доволно големи, како пред една деценија на пример.
Цлеиот текст на https://www.novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/zgolemen-brojot-na-mladi-shto-gi-interesira-makedonistikata-no-mozheme-i-podobro/