June 18, 2021

Не признаваме лажни истории! Бугарија да го признае Македонскиот Народ и покаже добрососедство на дело! – Родина Македонија

Несериозно е воопшто да зборуваме за некакви ставови и позиции на владата на Република Македонија, влада која е составена од партија-исполнител на сите желби и соништа, преку срамните договори и спогодби, на антимакедонската коалиција составена од трите држави, Грција, Албанија и Бугарија. Зборуваме за истата влада, наводно претставена како „нашата страна”, која ги осквернува сите наши народни светињи. 

Западната меѓународна заедница не може да повикува на мир и добрососедство без претходно обезбедени основните човекови права на Македонците, без разлика каде и да живеат. 

Родина Македонија, како моментално единствената промакедонска организација официјално впишана како политичка партија, повикува на апел кон Р.Бугарија, особено кон бугарскиот народ, како братски односно народ со православна вероисповед и словенска култура, доколку посакуваат раст во позитивна смисла на македонско-бугарските односи, потребно е првин да ги признаат многубројните одлуки на меѓународните институции, и да ги спроведат преку тоа што ќе дозволат регистрација и слободно делување на организациите на Македонците во Пиринскиот дел од Македонија, и на организациите на Македонците низ Бугарија, со можност истите да учествуваат во тамошните избори а со тоа во политичкиот живот во Р.Бугарија.

Р.Бугарија, како соседна и братска земја, треба да престане да соучествува во балканската антимакедонска коалиција, и своето внимание повеќе да го насочи внатрешно, со поголема грижа за сопствениот бугарски народ, како бугарска држава, и да се обиде да го спречи или ублажи трендот на т.н. бела чума, преку решавањето на социјалните проблеми на бугарските државјани.

Македонската држава кога се возобновуваше 1944-тата, можеше да побара освен враќањето на сѐ уште окупираниот етнографски дел околу планината Пирин, враќање и на деловите од Одринско, заедно со градот Пловдив, или некогашната македонска колонија на тракиската територија нарекувана како Филипопол – градот на Филип Втори Македонски. Но тогаш возобновената македонска држава врз братскиот народ, тоа не го направи, и не пројави такви експанзионистички апетити. 

Родина Македонија ги памети и има историска меморија за некогашните градови Ираклија Синтика, Јамфорина и Берое како за македонски градови!

Родина Македонија нема да признава никаква историја напишана под притисокот на политичкиот договор, и објавена од некакви комисии со орвелски авторитет.

Родина Македонија смета дека единствено со признавањето на посебностите на Македонскиот народ, на македонската историја, на македонската култура и на македонскиот јазик од страна на бугарската држава, ќе се намали ризикот од исчезнување на бугарскиот народ, од причина што само така ќе добие еден цел соседен народ за свој сојузник, пријател и сопатник во решавањето на големите социјални проблеми обременети врз двата народи.

Биди член на Родина Македонија!

+ posts

Subscribe To Our Newsletter