Неутрална Украина е легитимно барање и пожелно за Европа

Војната е за осудување како и секоја војна во светот ама сепак барањето на Русија за неутрална Украина е легитимно барање и пожелно, можеби дури и за Европа која ја притиска Русија.
Неутрална Украина на никого не може да наштети а секако и за самата Украина би донела благосостојба како и за другите неутрални држави пред се скандинавските кои не членуваат во НАТО.
Западот обично се повикува на правото за самостојно одлучување на секоја земја да биде дел од воен или каков бил сојуз, но тие и на најавата на Зеленски за референдум за НАТО ја свртија главата и го притиснаа да се откаже од таквата помисла, при што тој ретерираше дека Украина во НАТО е веќе заверена со илјадниците жртви од 2014 до денес. Но дали и кој го праша украинскиот народ за се што се случуваше од 2014 до денес, шарената украинска револуција беше подржана и организирана од запад наспроти реалноста произлезена од изборите. Денес дури и северна Кореја рече дека САД се предизвикувачи на војната во Украина, и го кажа она што цел свет го знае ама не го кажува. Обидите за вклучување на Украина во НАТО не само што ја притиснаа Русија, туку нормално создаде и внатрешен проблем во Украина. Во Украина живееја и живеат неколку милиони Руси а влезот на Украина во сојуз како НАТО кој токму Русија ја смета за главен непријател доведе до отцепувањето на Крим и на Доњецк и Луганск, Русите што останаа во Украина беа соочени со дискриминација и забрани на рускиот јазик. Отцепените републики се гранатираа а според Русите и се правеше етничко чистење на Руси во ближните региони. Путин во обраќањето рече и дека Русите во внатрешноста се соочуваат со притисоци и ги тераат да ја мразат Русија. На западот му беше сеедно кога правеше непријатели од две блиски земји ама немаше ни обзири за руското население во Украина кое требаше да влезе во сојуз во кој Русија е непријателот. Тоа доведе до тука . Кои би биле последиците за Русија кога Украина би била членка на НАТО?
Инаку неутрална Украина, не под чадорот на НАТО, навистина е поголема слобода од тоа да се биде под некој чадор, кој колку може да си го дозволи тоа. Често чадорот на НАТО ја задушува волјата на народите, не само на помалите држави туку и на западните поголеми и поразвиени европски држави, случајот со Германија и северен тек, барањата од САД, тој да се прекине. Барањата исто од западот да ги забранат кинеските инвестиции во источна Европа па и во Африка, каде ги осудуваат на сиромаштија само заради сфери на влијание. На крај НАТО не дозволи формирање европска армија и ги осуди на пропаст обидите за воено независна Европа.
Неутрална Украина може да биде само позитивен пример, Украина во НАТО дури и без војна ќе значи дека тој регион ќе остане напнат, конфликтен, како линија на можен судир или како железната завеса.