мај 29, 2023

Несторовски: Имаме шанси против Италија

Имаме шанси, и тоа како. Тоа е директен дуел, деведесет минути, ништо не може да се исклучи, вели за римска Република македонскиот репрезантативец Илија Несторовски, фудбалер на Удинезе и поранешен фудбалер и капитен на Палермо, каде што Италија ќе ја пречека Македонија.
Несторовски поради повреда го испушти настапот на Македонија на европското првенство и вели дека дека затоа сака да игра на Светско првенство,
– Италија го сака Светското првенство но јас го сакам повеќе. Не отидов на Европско поради повреда, сакам да одам на Светско. Како се вели во Италија, кога една врата се затвора, друга се отвора, – рече популарниот Несто – гол.
Според Несторовски, Италија го избра Палермо за домаќин затоа што сака подршка од огнени навивачи за да изврши притисок врз противникот, но заборава дека јас и Трајковски игравме за Палермо и сме како дома таму и го познаваме теренот.
– Ако како дете сонував за натпревар на животот тогаш тоа би бил овој – изјави Несторовски за Република.