јуни 10, 2023

Некст Тајм ја обработи и Кога падна на Пирина

Некст Тајм, кои ги обработија патриотските македонски песни како Ја излези Ѓурѓо и Нешто ќе те питам бабо најавија дека следната недела ќе го претстават нивниот нов музички проект – песната Кога падна на Пирина со нов видео запис.

Промоцијата е на 13 април.

Станува збор за легендарната песна за Јане Сандански и неговото загинување на заседа на Пирин планина. Притоа тој е посетен од три соколи, кои ги претставуваат трите дела на поделената Македонија, и им порачува дека татковината ќе роди нови јунаци кои ќе ја ослободат.