јуни 10, 2023

Некој што носел оружје, амнестиран, тој со голи раце, терорист, вели таткото на Вили, осуден на 14 години

Некој што сам изјавува дека носел оружје, амнестиран, тој што со голи раце влегол, терорист –она што најмногу боли е селективноста за време на судскиот процес и изречените казни, вели таткото на Вили Михајловски, осуден на 14 години затвор откако на 27 април 2017 година демонстрантите упаднаа во Законодавниот дом. Судската власт ова дело го квалификуваше како тероризам, и додека едни беа амнестирани, за други имаше драконски казни.

Пет и пол години да му го земеш животот, зошто? За глупости. Што му текнало на некој ајде ќе ги наместиме. И не само нему, и на другите, вели низ солзи за телевизијата „Алфа“ таткото на Вили Михајловски. Тој го отвори срцето, како е да се биде разделен од синот, кој бил најголем вљубеник во татковината. А после настаните од 27 април бил прогласен терорисt,
Никогаш не сум ни помислил дека може да го судат за терорист, а не да биде терорист. Некој ако си ја сака државата, не може да биде терорист – вели Милчо.

Судството е за некого мајка за некого маќеа. По мене, не може сите да влеземе внатре, а некои ги ослободија, овие ги заглавија по 15 години, да лежат и за нив – низ солзи раскажува таткото на Вилијам.
Вилијам ја сака мајка Македонија како што ја сака родената мајка која прерано почина, ја негува традицијата и свири народни инструменти, од каде и го доби прекарот „Гајда“ – вака Милчо го опишува синот единец кој го пораснал сам од 12 годишна возраст.

Но она што најмногу боли за Милчо е селективноста за време на судскиот процес и изречените казни. Некој што сам изјавува дека носел оружје, амнестиран, тој што со голи раце влегол, терорист – раскажува. Според начинот на кој власта се справи со дел од демонстрантите, сместувањето во затвор и драконските казни – е само една скапо платена лекција, за граѓаните веќе да не го креваат гласот за она што им пречи. Сепак, верува дека еден ден, правдата ќе стигне. До тогаш, деновите му поминуваат болно и долго.