септември 27, 2023

На времето такви како вас ги слекуваа голи, ги бричеа, ги потураа со катран и врз ними фрлаа пердуви од кокошка.

Неми како риби.

Ќутите цел ден. На времето такви како вас ги слекуваа голи, ги бричеа, ги потураа со катран и врз ними фрлаа пердуви од кокошка. Ги врзуваа со рацете на задникот, ги качуваа наназад на магаре и ги пуштаа да шетаат од село до село.

Ќутите цел ден. Не ме интересира од која причина. Нашата Македонска Православна Црква ја прекрстија и не смее да има ништо Македонско во нејзиното име. Народот е збунет, и неинформиран . Со признавањето ние немаме јурисдикција врз останатите Македонски Цркви ширум светот.

На оној што се викаше Господин, Господин Стефан, му одзедоа едно Господин а од утре православниот вистински народ ќе му го одземи и второто. Ќутете и понатаму. Цел живот да ви помини во Ќутење. Да бев Бог, ќе ви го одземев говорот. Не ви треба.

Повикувам, Нека се одважи барем еден Владика и нека застане зад нашата вековна црква која од памтивек ја познаваме како Македонска Православна Црква. Никој не ви дал право да Ќутите. Црквата е градена од народни пари и Црквата му припаѓа на народот. Не сте забележале ли дека имате се помалку верници ??? Живеете во Материјалниот свет и не се наситивте. Заминете барем како вистински Божји слуги и оставете ја Црквата на идните Македонски генерации.

Господе, знаат што прават. На судниот ден дари им го заслуженото.

Фејсбук статус на Тони Апостоловски