мај 29, 2023

Најбогатиот Русин го повика Путин да не ги конфискува компаниите што ја напуштиле Русија

Најбогатиот руски бизнисмен повика да не се конфискува имотот на компаниите кои се повлекле од Русија оти тоа ќе создаде недоверба на странските инвеститори кон Русија. Тој исто така смета дека не треба да се воведат санкции кон Западот кои ќе ги почувствува и Русија како што санкциите на Западот ги чувствуваат и западните економии .
– Ако ги затвори вратите за западните компании и инвеститори, Русија ризикува да се врати во турбулентните денови на Октомвриската револуција од 1917 година. Руската влада да дејствува со крајна претпазливост во врска со одземањето на имотот, последица од таквиот чекор ќе биде глобална недоверба од инвеститорите кон Русија, ќе трпиме многу децении – пренесува Си-Ен-Ен.
Според него одлуката компаниите да се повлечат од Русија е како резултат на невиден притисок од странство. Тие најверојатно ќе се вратат. Јас лично би оставил таква прилика – се наведува во соопштението на Потанин.
Потанин е најголемиот руски милијардер вреден околу 25 милијарди долари, и покрај тоа што изгуби четвртина од своето богатство оваа година поради падот на акциите на Норилск Никел, чиј главен акционер е. Норилск Никел е најголемиот светски производител на висококвалитетен паладиум и никел, како и главен производител на платина и бакар. Компанијата и нејзините примарни производи ги избегнаа санкциите наметнати врз руската економија од западните земји.
– Разбирам дека поради санкциите против Русија, може да има разбирлива желба да се дејствува симетрично. Но не, примерот на западните земји покажува дека нивните економии страдаат поради воведувањето санкции кон Русија. Мора да бидеме помудри и да избегнеме сценарио во кое реципрочните санкции се одразуваат на нас самите – смета Потанин.