Нашите од Австралија ја нарекоа власта во Македонија квинслишка

Македонците во Австралија најавија прекин на комуникацијата со македонските дипломати во Австралија и секаде во светот тие изразија загриженост за континуираната катастрофална политичка, економска и социјална пропаст на Република Македонија. Власта во Македонија ја нарекоа инсталиран режим и не ја признаваат. Македонците од Австралија се против договорите од Преспа кој беше потпишан незаконски наспроти резултатот од референдумот и против капитулантски договор со Бугарија.
- Бараме итно ослободување на невините политички затвореници кои веќе 4 години се затвораат во сурови и репресивни услови само затоа што се обидоа да го спречат незаконското преземање на македонскиот парламент, невооружено, во април 2017 година од страна на коалицијата СДСМ/ДУИ. не добил мандат како што барал тогашниот претседател на Македонија, Георги Иванов.
Соопштението со 11 точки го објави Советот на македонски општини.