Нафтата под 97 долари за барел

Цената на нафтата на американскиот пазар падна под 97 долари за барел. Падна и на лондонската берза за 4,05 отсто, на 102,60 долари.
Минатата недела цената на нафтата на американскиот пазар беше речиси 125 долари, а во петокот веќе падна на 109 долари за барел.
„Можноста за дипломатско решение на ситуацијата во Украина може да придонесе за падот на цените. Во Кина зголемениот број случаи на ковид може да резултира со пад на побарувачката на нафта во втората по големина светска економија, заради карантинот таму, а тоа влијаеше на берзите“.
Производството на нафта и гасен кондензат во Русија се зголеми на 11,12 милиони барели дневно (БПД) во март, и покрај санкциите за руската нафта.
Русија е најголемиот светски извозник на сурова нафта и нафтени деривати заедно и испорачува околу седум милиони барели дневно, што е еквивалентно на седум отсто од светската понуда.