НАТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ШИРИ ВО УКРАИНА, ВЕЛИ ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„Додека сум претседател, ќе бидам против НАТО да се прошири каде било“, им рече Милановиќ на новинарите во Пожега, во контекст на случувањата окулу Украина и америкаско – рускиот конфликт окулу проширувањето на НАТО.
Изјавата е спротивна на политиката на отворени врати на Северноатлантската алијанса. За повлекување на армијата, Русија, меѓу другото, бара гаранции дека НАТО нема да се прошири кон Украина.
„Мислам дека тој што се залага за проширување на НАТО во Украина го загрозува и хрватскиот интерес. Бидејќи сме во НАТО, утре некој може да испрати наши луѓе таму“, објасни Милановиќ.
Ова не е прва таква изјава на Милановиќ, тој на почетокот на кризата во Украина исто нагласи дека нема да праќаат нивни хрватски војници во Украина.