Намален економски раст од 2.7 проценти и зголемен долг од над 62 проценти

Светска банка предвидува забавување на растот на македонската економија за годинава на 2,7 проценти. Причина за тоа се последиците од руско-украинскиот конфликт и санкциите воведени кон Русија. Предвидувањата се дека инфлаторските притисоци, особено храната и цените на енергенсите, ќе ги зголемат трошоците на живот и дека најпогодени ќе бидат ранливите категории на граѓани.
Според проекцииите на Светска банка, фискалниот дефицит ќе остане зголемен со проектиран раст на јавниот долг над 62 проценти од БДП.
Доколку продолжи војната во Украина, Светска банка прогнозира намалување на надворешната побарувачка, зголемување на цените на стоките и енергијата и доцнење на инвестициите. Ова сценарио, како што се наведува во извештајот, би резултирало со уште понизок раст и пораст на барањата за фискална поддршка.