јуни 10, 2023

Мурињо: Не би ја отпишал Македонија

„Гледам дека сите веќе ја отпишаа Турција против Португалија, односно Македонија против Италија. Воопшто не би го направил тоа, бидејќи тоа се сериозни селекции“, изјави Мурињо.
Во четврток започнува разврската за последните места од Европа на мундијалот во Катар. Македонија за прв пат ќе учествува во бараж, „црвено-жолтите“ во четврток ќе гостуваат во Палермо против Италија.

Во исто време, Португалија ќе ја пречека Турција во Порто, победниците од овие два дуели ќе се борат за билет за СП 2022.

Многумина во финале уште сега гледаат пресметка помеѓу Италија и Португалија, но Жозе Мурињо предупредува дека не треба да се отпишуваат Македонија и Турција