мај 29, 2023

Музика на Македонски музичар во хит – серија на Нетфликс

Синот на Кирил Џајковски, кој работи како музички продуцент во Лос Анџелес, е запишан како продуцент на песната „Аbout That Time“ која е дел од новата хит-серија на „Нетфликс“ – „Inventing Anna“.
Матеј веќе долги години живее и работи во САД. Тој дипломирал музичка продукција на Академијата за современа музика на Универзитетот во Оклахома, а оттогаш имал повеќе успешни музички проекти со македонски, но и светски артисти.