јуни 10, 2023

Моето место се запусти затоа што фрлија напалм. – Рап песна на грчки зборува за маките и судбината на Македонците од егејска

Рапер од Грција, Илија од Егејска Македонија, од Костурско, зборува за македонските маки и истории. „Моето место се запусти затоа што фрлија напалм. Вашата историја и тоа сака да го премолчи, вели во песната.
Ич не им било гајле што некои го доживеале тоа, само мислеа дека просто ќе згасне, ама оганот не е изгаснат и уште гори
уште имам роднини кои беа откорнати засекогаш
Унгарија, Полска, сите од Македонија
и сите прогонети од мајка Грција.

Песната инаку навистина е многу добра и од музички аспект, добар рап, секоја чест. На социјалните мрежи имаше пофални коментари, ова е несекојдневна појава младите во Егејска Македонија преку уметност да се изразуваат за болното минато кое Грција сака да биде избришано како што се вели во песната.