Младата и перспективна пеачка Андреа ќе ја претставува Македонија на Евровизија

Македонска претставничка на „Евровизија 2022“ е Андреа Коевска со песната „Circles”. Автор на музика е Александар Масевски, а текстот го напишаа заедно тој и Андреа .
Во изборот на македонскиот евровизиски претставник, своите гласови дадоа и евровизиски стручњаци од Малта, Израел, Грузија, Исланд и од Ерменија.
Најмногу гласови од стручното меѓународно жири доби Андреа.
Резултатите од гласањето беа соопштени во специјалното издание на емисијата „Стисни плеј“ на МРТ, која е носител на лиценцата за овој избор.
Македонија настапува во вториот дел на втората полуфинална вечер на 12 мај, кога Андреа ќе запее на евровизиската сцена во Торино, Италија.
Ова е линк до песната https://www.youtube.com/watch?v=SEDnvXHaBzE&feature=emb_title. https://youtu.be/SEDnvXHaBzE