декември 5, 2023

Медиуми: започна евакуација од Донбас кон руската граница

Започна евакуацијата, конвои се движат кон руската граница, најпрво се евакуираат градинките и училиштата, гласат насловите на некои од медиумите.
Одлуката за евакуација дојде по гранатирањето на градинката во Доњецк за која се обвинуваа меѓусебно отцепените проруски области и Киев.
Започна евакуацијата на граѓаните од Донбас, а забележани се голем број возила додека се движеле кон руската граница, пренесуваат медиумите.
Во тек е евакуација на децата од градинките, интернатите и училиштата.
„За нас приоритет беше да ја обезбедиме безбедноста на граѓаните и децата. Токму затоа инициравме евакуација од образовните институции до нормализирање на состојбата“, се наведува во соопштението на властите на Доњецк и Луганск.