септември 28, 2022

Медведев и да се откаже од Путин,нема да игра на Вимблдон? Англичаните се плашат од победа на Русин или Белорусин

Данил Медведев сезонава можеби нема да има шанса да настапи на најпрестижниот тениски грен слем турнир Вимблдон и тоа само поради фактот што е Русин. Бројни светски сојузи, турнири и натпреварувања воведоа своите санкции против руските спортисти. Последниот удар за нив доаѓа од Вимблдон.

Иако пред два дена беше најавено дека ќе им дозволат на тенисерите од Белорусија и Русија да учествуваат под неутрално знаме, сепак се чини работите се менуваат. Англиските медиуми пишуваат дека Вимблдон може да го суспендира вториот тенисер во светот, дури и да се откаже од Путин.

„Daily Mirror“ пишува дека во Велика Британија се плашат доколку некој од белоруските и руските тенисери успеа да го освојат Вимблдон ќе му дадат ветар во грб на Путин.

„Сакаме да бидеме сигурни дека не примаат пари од Путин, истовремено сакаме деа бидеме сигурни дека не им дава поддршка“, изјавија од Минстерството за Спорт во Велика Британија