Маричиќ: Не е на Cеверна Македонија да каже каде и какво малцинство има, тоа е внатрешно прашање на Бугарија
-Тоа ни е обврска од Уставот, така што не е на Cеверна Македонија каде и какво малцинство има во регионот, тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија, а секоја група на луѓе, етничка заедница или пак политичка партија или здружение имаат право да ги бараат своите права преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права или Европската конвенција за заштита на човековите права, рече Маричиќ.
Изјавата на Маричиќ доаѓа по изјавата на бугарскиот премиер Петков кој пред најавената посета на Македонија негираше постоење на македонско малцинство во Бугарија.
На изјавата на Петков реагираа Македонците од Бугарија: – Негирањето на македонското малцинство во Бугарија е срам за бугарската држава и демократија.