Македонци 58, 44%, Албанци 24,30%, статистика ги објави податоците од Пописот

Државниот завод за статистика ги објави резултатите од пописот. Со Пописот во земјата се попишани вкупно 1 832 696 лица, 568 175 домаќинства и 837 255 станови. Македонци 58, 44%, Албанци 24,30% .Во однос на попишувањето на дијаспората, вкупно се самопопишаа 204 805 македонски државјани и тоа најмногу од западноевропските земји, а многу помал број од прекуокеанските земји. Вкупното попишано население изнесува изнесува 2 097 319 лица. Од нив, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи, покажуваат податоците од Пописот 2021 што денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски,
Според Симовски, вкупното резидентното население е 1 836 713 лица, а нерезидентното 260 606 лица.
-Од вкупното резидентно население 58,44 се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци, додека од неризедентното население опфатено со пописот 24,45 се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби и 0,81 Бошњаци, истакна Симовски.