декември 5, 2023

Македонците муслимани се едно со своите браќа Македонци православни, изјави Бојда пред пописот

Македонците муслимани по ништо не се разликуваат од своите браќа Македонци освен по својата вероисповест и како такви не можат да бидат запишувани во посебна графа на престојниот попис туку нивната религиска определба треба да биде запишана во графата за вероисповест.

Во пресрет на објавувањето на резултатите од пописот да се потсетиме на изјавата на Исмаил Бојда, дадена пред почетокот на пописот а испровоцирана од тогашниот премиер Заев и најавата за графа Торбеш.

Почесниот претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија Исмаил Бојда тогаш на прес-конференција жестоко одговори на навредите изречени од страна на премиерот Зоран Заев кон Македонците муслимани, но и ја коментираше посебната графа на престојниот попис.
Тој одговори и на навредите на Заев кој говорејќи за тоа како ќе бидат внесени во Уставот како посебна етничка група ги нарече „Торбеши“ и уште еднаш потенцираше дека Македонците муслимани се нераскинлив дел од македонскиот етникум.

Заев рече – Пред влезот во ЕУ, мора да го отвориме Уставот. Една од причините се помалубројните заeдници кои живеат тука и треба да се внесат. Тоа го направи Хрватска пред влезот. Имаме спремност, не само за Бугарите, туку и за Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците и други кои и да ги имаме од помалубројните етнички заедници. Ние сме отворено општество, европска земја и ќе го следиме примерот на европските земји, изјави Заев на прес-конференцијата за презентација на новата владина агенда „Европа дома“.

Бојда одговори: Македонците муслимани по ништо не се разликуваат од своите браќа Македонци освен по својата вероисповест и како такви не можат да бидат запишувани во посебна графа на престојниот попис туку нивната религиска определба треба да биде запишана во графата за вероисповест.

До кога ќе сфатиме дека нема никаква разлика помеѓу Македонците муслимани, православни, католици, атеисти или друго, дека секој може да си ја практикува својата вера или верска определба. Дека верската разноликост не треба да го подрива националното единство, и тоа дека сме исти.