МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ВАТИКАН БИЛЕ МАКЕДОНЦИ И ВО 17-ОТ ВЕК

Павле Петти да додели места за питомци “Срби, Бугари и Македонци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светата столица за стипендии”, се вели во обраќање на далматински бискупи до Папата во 1624 година. Во Колеџот во Лорето, според документот, студирале тројца Македонци стипендирани од Ватикан.
Овие податоци ги изнесува Блаже Миневски во ВАТИКАНСКА ЗБИРКА СО ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА. Значи, на почетокот на 17-от век во Ватикан добро знаеле дека Македонците не се Бугари ни Срби, па затоа за нив била одобрена посебна квота и посебна графа во документите за апликација како за одделен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Миневски вели дека според документите што се чуваат во Архивот на Светата столица, во Македонија никогаш не живееле Бугари или Срби туку Македонци. Во огромниот фонд на Конгрегацијата, односно на Ватикан, има многу интересни, всушност сензационални сведоштва за Македонија и за Македонците, кои покриваат период од 1622 до 1644 година.
Овој документ, заедно со уште стотина други, на латински, се разбира, може да се прочита во збирката ватикански документи што се чува во трезорите на НУБ “Св Климент Охридски” во Скопје, вели Блаже Миневски.
Целиот текст со други интересни сведоштва за Македонците на линкот https://www.facebook.com/photo/?fbid=1080605768790284&set=a.754308428086688 https://www.facebook.com/vanco.milenkovski.5?__cft__[0]=AZXN2WtWbU61LgC1xLhDvcyyLFRCtuxm_n0gQNy7pAOUiqtvJUQYxr0LzWqCKh25hL9xgMDXI1QaAcPHunSPum1-a0zJa7_yXx9dSZb0ixJY04c2iZ1_YRfdwRGOO38233mq3V4W7b5K7lp81-I5atnlido1DWZVgZ27pWNyggSGP3ifeYT87GIPrDq7yBf74MizoBuDV-7pOatuhdJLuQVo&__tn__=-UC*F