декември 5, 2023

Македонски филм прв пат ќе се прикажува на Нетфликс

Македонскиот филм Сестри на режисерката Дина Дума од петок ќе се прикажува на светски популарната платформа за филмови Нетфликс. Ова е прв македонски филма на Нетфликс. Во филмот се зборува на македонски јазик и играат македонски актери. Станува збор за модерен филм кој третира тематики и проблеми со кои се соочуваат младите луѓе.