Македонски народни песни во изведба на музичари низ светот
Старите македонски народни песни се познати и изведувани во регионот но има и бројни македонски песни изведувани низ светот од еминентни оркестри, хорови и музичари претежно од класичната музика ама има и изведби од забавни музичари. Јапонски бенд ги изведува Брала мома капини и Стани моме да заиграш. Тие на патување низ Македонија биле и на македонска свадба и дел од снимките од свадбата и посетата на земјата ги има во нивниот спот за песната Брала мома капини.