јуни 10, 2023

Македонските навивачи пристигнуваат, Палермо почна да се бои во црвено и жолто

Македонија в четврток во Палермо ќе игра против Италија, во бараж мечот за пласман на Светското првенство во Катар.

Еден меч кој мора да даде победник, што ќе игра во финалето на баражот за пласман на Мундијалот, а предизвикот не може да биде поголем. Актуелниот европски првак Италија кој низ историјата има и четири планетарни пехари ќе треба да го победиме на негов терен.

Иако на гости, Македонија ќе има поддршка од трибините. Се очекува на стадионот да има околу 1.500-2000 македонски навивачи. Во Палермо веќе пристигнаа првите фанови, а аеродромот во Палермо почна да се бои во црвена и жолта боја.