Македонските здруженија во Бугарија: ОМО „Илинден“-ПИРИН, ОМО „Илинден“ и Друштвото на репресираните Македонци го одбележаа роденденот на Гоце Делчев

Во бугарските градови Благоевград и Гоце Делчев, Обединета македонска oрганизација ОМО “Илинден” , ОМО „Илинден“ ПИРИН, и Друштвото на репресираните Македонци ја одбележаа 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев со положување на свежо цвеќе на спомен обележјата на револуционерот.
Додека во Скопје на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас исто свечено беше одбележан неговиот роденден од разлини институции, здруженија и граѓани. Цвеќе положи и министерката за надворешни на Бугарија, додека делагацијата на македонските власти во која беше Пендаровски и Груби беше исвиркана.