септември 26, 2022

Македонскиот борач со руско потекло е нов европски шампион

Македонскиот борач со руско потекло, Владимир Егоров, е нов европски шампион во категоријата до 57 килограми, откако попладнево славеше во големото финале на ЕП во Будимпешта против Алијабабас Рзазаде (Азербејџан) со 10-0.

Ова е фантастичен почеток на вечерта, која лесно може да биде една од најубавите во историјата на македонскиот спорт, со оглед што фудбалерите подоцна ќе ги одмерат силите со Португалија (20.45 часот) во клучниот меч во Порто по кој подобриот ќе се пласира на Мундијалот во Катар, анализира Спорт1.

За Егоров ова беше трет триумф на континенталниот собир во унгарската престолнина, откако вчера ги совлада Германецот Никлас Штехеле со 5-4 и Ерменецот Манвел Хнџрстјан со 10-0.