Македонската економија во 2020-2021 е последна во регионот

Македонската економија е последно рангирана од сите економии во регионот во истражување на Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања. Според Виенскиот институт македонската економија во споредба со државите од регионот е на дното. Во 2020 Македонија имаше најголем пад на бруто домашниот производ (БДП) во регионални рами.
Се вели дека падот на БДП во 2020 е најголем во Македонија, после оној во Црна Гора. Но, таа година во Црна Гора падот на економијата е заради нарушениот туризам (пандемија), како нивна најбитна стопанска дејност, па излегува дека Македонија во 2020 година котира полошо од сите економии со оглед на тоа што има слични карактеристики со останатите земји во регионот.
Во 2021 година растот на БДП е најнизок во Македонија во споредба со економиите во Црна Гора, Косово, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина.
