јуни 10, 2023

Македонија 6 – та најсиромашна држава во Европа

Реномираната независна организација World Population Review за 2022 година ја рангираше Македонија на 6 место најсиромашни држави во Европа.
Користена е логична метода на мерење, односно бруто домашниот производ (БДП) како еден од најважните параметри што се користат за мерење на економската стабилност на цела држава и тој често се надополнува со бруто националниот производ (БНП) по глава на жител, што дава добар показател за тоа како граѓаните просперираат или напредуваат во државата. Според овие анализи Македонија е високо на листата во групата 10 најсиромашни држави во Европа последниве две години.

После нас се Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора, а на врвот на листата се Украина, Грузија, Косово, Молдавија и Албанија.