Македонија ќе се задолжи за уште 600 милиони евра

Во Буџетот е планирано дополнително задолжување од 600 милиони, изјави Бесими. Државата има доспевање од 200 милиони евра долг во текот на оваа година – 100 милиони на домашен и 100 милиони на надворешен пазар. Нето ќе имаме дополнително 600 милиони за да може да се реализира Буџетот, како што е проектиран и изгласан во Собранието, изјави денеска на прес-конференција во Владата министерот за финансии Фатмир Бесими.
Процентуално јавниот долг во однос на БДП до крајот од годината се очекува да биде околу 63,4 проценти.
Инфлацијата, нагласи, тешко може сега да се процени во овој период, со оглед на драстичната промена на пазарите во Европа и светот по руската инвазија на Украина, но нашите неофицијални проценки се инфлација од 3,4 проценти во првата половина од годината.