декември 2, 2023

Македонија ја прегази Романија

Македонската ракометна репрезентација ја победи Романија со 30:22 во првиот бараж меч за пласман на Светското првенство. Ова е само првиот чекор од тоа што треба да се направи за пласман на Мундијалот следната година.

Филип Талески беше најефикасен со 10 голови, додека по седум пати погодија Филип Кузмановски и Кирил Лазаров.

Реваншот против Романија е во Букурешт в сабота, по што ќе биде познат патникот за финалето од плејофот каде веќе чека селекцијата на Чешка. Македонија повеќе од една деценија е дел од најважните ракометни турнири, но престои многу битка за да се стигне и на ново Светското првенство.