Македонија ја победи Италија со 1:0 во Палермо (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Италија со 1:0 и се пласираше во финалето на мундијалскиот плејоф.
Неверојатен успех постигнаа избраниците на Благоја Милевски, а натпреварот беше решен со голот на Александар Трајковски во судиското продолжение.
Италијанците имаа иницијатива и повеќе шанси на средбата, но македонските репрезентативци одиграа компактно и го решија противникот во клучен момент.
Трајковски донесе историска победа над актуелниот европски првак и ја одведе Македонија на еден чекор до место на СП во Катар.
Следен и последен противник ќе ни биде Португалија.