јуни 10, 2023

Македонија има пад на економски слободи заради власта

Македонија падна осум места и сега е на 53 место на извештајот на економски слободи што го подготвува американската фондација Херитиџ.
Македонија успеа да се искачи до 33-тото место во 2017 година. Извештајот на Херитиџ оценува дали економијата на една држава е поставена на здрава основа и е отворена за странски инвестиции.

Падот во индексот е заради недостатоците во слободата во трговијата и во владеењето на правото (непочитување на правото на сопственост, неефикасност на судството и слабости со интегритетот на власта). Македонија загуби 5 поени во извештајот од 2017 година и падна во групата „умерено слободни“ држави, откако неколку години беше оценета како „главно слободна“ економија, оценува американската фондација.

Единствената висока оценка што македонската економија ја добива од Херитиџ е за релативно ниските даноци уште од времето на реформите спроведени од Никола Груевски. Тука оценката е 95. Лоша оценка – 38.7, Македонија добива во областа „интегритет на власта“ каде се мери корупцијата на владејачките функционери. Во извештајот се оценува дека „неказнивоста на корумпираните функционери останува сериозен проблем“ и дека „има многу пријави за несоодветно влијание на власта, бизнисите и политичарите врз судството“