Македонија извршила два од трите „најголеми шокови“ во историјата на квалификациите

Со елиминацијата на актуелниот европски првак од мундијалските квалификации, Македонија оствари уште едно големо изненадување во борбата за Катар. Прво во квалификациската група ја победија Германија со 2:1, исто така на гостински терен.
Порталот Gracenote, специјализиран за фудбалска статистика, пресмета дека Македонија на тој начин извршила два од трите „најголеми шокови“ во историјата на квалификациите, според методологијата на World Football Ranking. На прво место е победата на Луксембург против Швајцарија во 2008 година, за која гостите имаа 2,8 отсто шанси. Следи ланскиот триумф на Македонија против Германија за кој имаше само 7,1 отсто шанси и синоќешното славје на Македонија со Италија за кое веројатноста беше само 7,4 отсто.