јуни 10, 2023

Македонија избира песна за Евровизија

МРТ ги претстави шесте избрани песни во трка за Евровизија 2022. Пејачите во борба за пат до Торино се млади, автентични, талентирани и познати лица за македонската јавност и со огромен ентузијазам му пристапуваат на овој нов евровизиски предизвик. Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи и се подготвени целосно да ве освојат.

За да гласате за оној кој најмногу ви се допаѓа влезете на следниот линкhttps://evrovizija.mrt.com.mk/?fbclid=IwAR3U45rOXdHswc2GVxiLZi0xNZOx237W3udG2iEA7vasIdM4N9UoMybdvVY . Може да се гласа само еднаш за една композиција.

Платформата за гласање ќе биде отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22:00ч до 04.02.2022.

Вашите гласови се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50).

Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино. Доколку дојде до изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири.