Македонија до 2095 година ќе има помалку од 1.300.000 жители. Публикација на World Population Review во која се вели и дека во земјата има 260 000 Роми и др.

Македонија во 2095 година ќе брои 1.297.057 жители предвидува World Population Review во нивните предвидувања за населението во светот и за државите поединечно. Според публикацијата, населението во Македонија континуирано ќе се намалува па така државата која денес има 2,081,304 жители во 2050 ќе има 1,856,775 жители, во 2080 ќе брои 1,460,932 и тн.
Во публикацијата се наведува дека нивото на плодност кај мнозинското население во Македонија со години е во опаѓање, додека етничките Албанци се зголемуваат на број. Во 2009 година, бројот на етничките Македонци се намали за 2.000, бидејќи смртните случаи ги надминаа родените, додека бројот на етничките Албанци се зголеми за 4.500. Муслиманското население во Македонија, кое ги вклучува Албанците, исто така има многу повисока стапка на фертилитет повеќе од една деценија. Пописот од 2002 година покажа дека 47% од децата на возраст од 0-4 години биле муслимани, се вели публикацијата.
Според последниот попис во 2002 година, најголема етничка група во Македонија биле Македонците. Втори по големина се Албанците, кои се концентрирани во северозападниот дел.
Во публикацијата се вели дека Роми има 260 000, – проценките укажуваат на ромско население до 260.000 – бројка која не е точна и веројатно станува збор за грешка.
До 65% од населението го следи православното христијанство, а повеќето припаѓаат на Македонската православна црква. Македонија има 5-ти најголем процент на муслимани во Европа. Најголем дел од муслиманите во земјава се Турци, Роми или Албанци, иако има мал број Македонци муслимани.
Пред Втората светска војна, земјата имаше еврејска заедница од околу 7.200, само 2% од македонските Евреи го преживеале Холокаустот. По завршувањето на војната, повеќето емигрирале во Израел. Сега во Македонија има околу 200 Евреи кои живеат во Скопје. https://worldpopulationreview.com/countries/north-macedonia-population