септември 26, 2022

Македонија гласаше за суспендирање на Русија, и Србија гласаше за суспендирање

Македонија е меѓу 93-те земји кои гласаа „за“ суспендирање на Русија од Советот за човекови права во Обединетите Нации. Покрај Македонија, за суспензија на Русија од Советот за човекови права во ОН се изјаснија и Србија, Албанија, Бугарија и Грција од најтесното наше опкружување, но и сите држави што произлегоа од распадот на поранешна Југославија (Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија).
Против гласаа 24 земји – Белорусија, Русија, Кина, Северна Кореја, Иран, Алжир, Боливија, Бурунди, ЦАР, Конго, Куба, Еритреја, Етиопија, Габон, Казахстан, Киргистан, Лаос, Мали, Никарагва, Сирија, Таџикистан, Узбекистан, Виетнам и Зимбабве, додека 58 беа „воздржани