мај 29, 2023

Лукашенко ги обвини Британците за масакрот во Буча?

Злосторствата во Буча ги извршија Британците, oбвини белорускиот претседател Александар Лукашенко, пренесуваат медиуми.

Тој изјави дека наводите за воени злосторства во Буча се едноставна психолошка операција. Лукашенко вели дека располага со информации како и со какви возила Британците дошле во Буча и што правеле.

Претходно Русија тврдеше дека злосторствата во Буча не се случиле и дека снимката со телата на улица е фалсификувана. Но, украинските власти тврдеа дека во Буча каде имаше и масовна гробница е извршен геноцид. Цивили меѓу кои и деца загинаа и во многу други украински градови.