Лозово го изгласа 16 кракото сонце за општинско знаме
Советот на општината Лозово денеска со седум гласа „за“ и два против го усвои предлогот 16-крако жолто сонце со десет сини цвета во внатрешниот дел на црвена подлога да биде официјално знаме на општината. Предлогот беше поднесен од Зоран Иванов, советник од ТМРО, објави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.За предлогот гласаа тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ и советникот Иванов. Против беа советникот од ЛДП-ДОМ, како и независниот советник, велат од ТМРО.